Muhammed Bilal Kenasari
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Хилари Клинтон прифати да биде претседателски кандидат на Демократската партија на конгресот на партијата што се одржа во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија во САД.
Кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон упати остри критики до републиканскиот кандидат Доналд Трамп, а пак, кажа пофални зборови за претседателот на САД, Барак Обама.
Хилари Клинтон во својот говор за пример ги зеде зборовите „Јас можам тоа да го поправам“ од говорот на Трамп од минатата недела за време на кадидатурата за претседател. Таа рече: „Многумина од нас не им веруваат на поединците што велат 'Јас оваа работа можам сам да ја направам'. Ние само заедно можеме да се справиме со ова прашање“.
- „Заедно со сите Американци и сите наши сојузници, ќе го победиме тероризмот"
Упатувајќи на зборовите: „Муслиманите нема да ги примаме во САД“, кои Трамп често ги користеше во својата кампања, Хилари Клинтон рече: „Ние нема да забраниме ниту една вера. Заедно со сите Американци и сите наши сојузници, ќе го победиме тероризмот“.
„Заедно сме посилни, ова не е само слоган што го користиме во нашата кампања. Вредностите врз кои е поставена нашата земја се важна доктрина за нас“, изјави Хилари Клинтон.
Таа посочи на фактот дека во текот на својата кампања Трамп се обидува да го подели американскиот народ, особено земајќи ги за цел мигрантите. Клинтон истакна дека тоа се коси со вредностите на САД.
За сегашниот претседател Обама рече дека е еден од најуспешните претседатели на САД.
„Америка стана уште посилна под претседателството на Обама. Јас сум на подобро место, благодарение на неговото пријателство“, рече Хилари Клинтон.
Во трката за кандидат на Демократската партија, Хилари Клинтон се натпреваруваше со Берни Сандерс, за кој рече дека особено на полето на образованието и еднаквоста му испратил важни пораки на американското општество и доколку биде избрана за претседател на САД, ќе се обиде работејќи заедно со Сандерс да ги спроведе тие проекти.