Nazlı Yüzbaşıoğlu
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека изборното ветување на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху за анексија на делот на окупираниот Западен брег на границата со Јордан претставува расистичка апартхејд држава, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изборното ветување на Нетанјаху, кој и понатаму испраќа илегални, незаконски и навредливи пораки, претставува расистичка апартхејд држава. До крајот ќе ги браниме правата и законот на нашите палестински браќа и сестри", порача Чавушоглу преку Твитер.
Потсетуваме, Нетанјаху вети дека ќе анектира дел од окупираниот Западен брег на границата со Јордан ако повторно биде избран.