Rania R.a. Abushamala
27 Август 2025•Ажурирај: 27 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Десетици нелегални израелски доселеници утринава насилно влегоа во комплексот на џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Доселениците го опкoлиле комплексот и изведувале талмудски ритуали под заштита на израелската полиција, објави официјалната новинска агенција Вафа.
Упадот на доселениците се случи во услови на зголемени тензии низ окупираниот Западен Брег поради смртоносниот напад на Израел врз Појасот Газа, каде што од октомври 2023 година се убиени речиси 63.000 Палестинци.
Џамијата Ал-Акса претставува трето најсвето место за муслиманите, а тој простор Евреите го нарекуваат „Планината на храмот“, тврдејќи дека на тоа место се наоѓале два древни еврејски храма.
Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, беше окупиран од Израел за време на Арапско-израелската војна во 1967 година, а во 1980 година Израел го анектираше целиот град, потег што никогаш не беше признаен од меѓународната заедница.