Ekipa
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија, изјави дека денес ќе биде започната правна постапка против Чешка, Унгарија и Полска поради непочитување на обврските во врска со сместувањето на бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер истакна дека во рамките на двегодишниот план, трите споменати земји веќе подолго од една година воопшто не прифаќаат бегалци.
„Затоа, не ни останува друг избор освен денес да започнеме прекршочна постапка против овие земји“, изјави Јункер.
Планот за прераспредеба на бегалците е главниот принцип на миграциската политика на ЕУ и се посочува како показател на паневропската солидарност во текот на 2015 година, кога повеќе од милион мигранти влегоа во Европа. Меѓутоа, само три месеци пред крајот на тој план, во септември се прераспределени само 26.000 бегалци.
Планот беше 160.000 бегалци од Грција и од Италија, кои се преплавени со мигранти, да се распределат меѓу останатите земји на ЕУ, што е прифатено со двотретинско мнозинство од гласовите.
Чешка, Унгарија, Романија и Словачка гласаа против шемата за прераспределба на бегалците. Словачка и Унгарија отидоа и далеку со тоа што започнаа сопствена правна постапка против овој план.
„Тука е прашањето за почитување на европските закони, тоа не е прашање на санкции“, им порача Јункер на адвокатите на ЕУ во францускиот град Стразбур.
Тој додаде и „дека европската солидарност не може да биде еднонасочна улица“.