Şenhan Bolelli
20 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
МАДРИД
Триесет и девет нерегуларни мигранти загинаа вчера кога чамец потона кај шпанските Канарски Острови, објавија вчера локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Шпанските власти соопштија дека во Атлантскиот Океан е пронајден превртен гумен чамец со кој 40 лица се обиделе од северноафриканскиот брег да стигнат до Канарските Острови“, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.
„Единствениот преживеан, 30-годишна мигрантка, е однесена во блиската болница со хеликоптер“, се вели во соопштението.
Од нееодамна има зголемен раст на нередовната миграција од северноафриканскиот брег кон Канарските Острови.
Над 230 нелегални мигранти починаа оваа година на опасната рута од Африка кон Канарските Острови.