Aşkın Kıyağan
19 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
ВИЕНА (АА) – Австрискиот министер за одбрана, Ханс Питер Доскозил изјави дека ќе бидат испратени 100 војници на границата со Словачка, и ќе има зголемени контроли со цел да се спречат бегалците што доаѓаат преку Словачка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за медиумите Доскозил истакна дека на австриско-словачката граница се наоѓа една многу важна рута којашто бегалците ја користат за преминување во Австрија. Тој додаде дека особено со возови, многу бегалци илегално влегле во Австрија.
Доскозил изјави дека околу 100 војници ќе бидат распоредени заради зголемување на контролата на границите и возовите, со цел да се спречи илегалниот влез на бегалците во земјата.
Тој исто така додаде дека ќе им се помогне на бегалците што сакаат да ја напуштат земјата и дека ќе бидат отворени нови кампови за тие што сѐ уште не добиле статус на бегалци.