Alma Çekovic
23 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ВИЕНА (АА) - Меѓународната организација за човекови права "Amnesty International", ја обвини Австрија поради дневните квоти за прифаќање на барањата за добивање на азил, оценувајќи дека тоа е кршење на меѓународното право, јавува Anadolu Agency (AA).
Австрија претходно најави дека ќе прифати максимум 80 барања за азил на ден, што беше причина дел од земјите низ кои патуваат бегалците кон земјите на Западна Европа да ги заострат прописите за премин преку нивната територија, што предизвика домино ефект во вдолж таа рута.
Шефот на "Amnesty International" во Австрија, утринава на австриското државно радио изјави дека Женевската конвенција за бегалци не го познава терминот „квота” или „ограничување на прифаќањето” и дека е обврзувачка и за Австрија.
„Ние го кршиме меѓународното право”, тврди Патзелт.
Австрија, последната станица на многу бегалци на патот за Германија, со воведувањето на квоти го објаснува недостатокот на солидарноста во ЕУ, особено за прашањето на распределба на бегалците.
„Земја која може да смести 2,8 милиони туристи годишно може да се направи повеќе ... Неприфатливо е да ги прифати меѓународните обврски, како што е Женевската конвенција, а потоа да ја суспендира при првата криза”, рече шефот на "Amnesty International" во таа земја.
Австрија, во петокот започна со спроведување на дневната квота од 80 барања за азил, како и 3.200 бегалци на кои им се овозможува патување, ако кажат дека сакаат да одат во друга земја.
Минатата година, Австрија доби 90.000 барања за азил, а локалните власти истакнаа дека оваа година не можат да совладаат толкав број.