Aysu Biçer
08 Декември 2019•Ажурирај: 09 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ е избран за „Аеродром на годината“ од страна на Азиско-пацифичкиот центар за авијација (CAPA), една од истакнатите организации за авијација во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главниот извршен директор на овој аеродром, Ерсел Горал, оваа награда ја доби на церемонијата организирана во рамки на Светскиот самит за авијација „CAPA“ во Малта.
„Ние сме длабоко почестени што ја примивме оваа награда од „CAPA“. Тоа е признание за извонредната приказна за нашиот раст“, рече Горал, додавајќи дека овој аеродром служел на над 200 милиони патници.
Овој аеродром е вториот најфреквентен аеродром во Турција, и дванаесеттиот најфреквентен аеродром во Европа, со повеќе од 35 милиони патници годишно.