İdris Sülün
28 Јули 2021•Ажурирај: 02 Август 2021
АНКАРА (АА) - Американски научници тврдат дека Кина воспоставила база на западот од земјата за складирање ракети со нуклеарна глава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на „Би-би-си“ (BBC), базирана на извештајот на Федерацијата на американски научници (FAS) се наведува дека според сателитските снимки од кинеската провинција Синџијанг, се гради нуклеарно ракетно поле.
Се истакнува дека ова е втор нов силос изграден во западна Кина во последните два месеци.
Весникот „Вашингтон пост“ (Washington Post) минатиот месец соопшти дека се гледаат 120 силоси во пустинското поле во регионот Јумен во покраината Гансу.
Според извештајот на ФАС, новите магацини во регионот Хами, лоциран на приближно 380 километри северозападно од Јумен, се во фаза на изградба.
САД и Русија се подготвуваат за преговори за ограничување на глобалното вооружување. Од друга страна, Кина досега не учествуваше во преговорите за контрола на вооружувањето.
Командата на стратешките сили на Министерството за одбрана на САД во својата објава на Твитер ја изрази својата загриженост за извештајот.
Пентагон минатата година соопшти дека Кина има залихи од повеќе од 200 нуклеарни боеви глави и има за цел двојно да го зголеми тоа количество.
Од друга страна, се наведува дека САД имаат околу 3.800 нуклеарни боеви глави.