Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Анадолу ги сними разурнатите мостови на Еуфрат во источниот сириски град Деир ез-Зор

- Степенот на уништување во градот што сѐ уште е во урнатини излезе на виделина откако антирежимските групи ја презедоа контролата над градот по падот на режимот на Асад на почетокот на овој месец
Esra Tekin
25 Декември 2024•Ажурирано: 25 Декември 2024
Анадолу ги сними разурнатите мостови на Еуфрат во источниот сириски град Деир ез-Зор

ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА - Анадолу ги сними урнатите клучни мостови и премини што се протегаат над реката Еуфрат во Деир ез-Зор, град во Источна Сирија, уништен од интензивните напади на режимот за време на 13-годишната граѓанска војна во земјата.

Како резултат на одделните бомбардирања од страна на силите лојални на сега соборениот режим на Башар ал Асад и коалицијата предводена од САД против терористичката организација ДЕАШ, мостовите, премините и многу згради во Деир ез-Зор се целосно уништени.

Степенот на уништување во градот што сѐ уште е во урнатини излезе на виделина откако антирежимските групи ја презедоа контролата над градот по падот на режимот на Асад на почетокот на овој месец.

Бидејќи мостовите што ги поврзуваат источните и западните брегови на Еуфрат, вклучително и историскиот висечки мост во Деир ез-Зор, се во урнатини, локалното население мораше да користи траекти и чамци за да ја премине реката што го дели центарот на градот од руралните подрачја на североисток.

- Пресечени линиите за спасување -

Васим ал-Ахмад, жител на Деир ез-Зор, за Анадолу раскажа дека историскиот висечки мост, познат и како Мост Ал-Муалак, е клучна врска помеѓу градот и неговата рурална периферија.

Некогаш им овозможуваше на пешаците лесно да минуваат, а целосно е неупотреблив откако беше цел на напад на коалициските сили.

„Линиите за спас во Деир ез-Зор се прекинати. Овој дел од градот е целосно изолиран. Речиси е невозможно да се премине на другата страна“, изјави Ал-Ахмад.

Тој додаде дека неколку други мостови, кои некогаш секојдневно ги користеле жителите, биле бомбардирани од режимските сили. „Така, двете страни на Деир ез-Зор целосно се изолирани една од друга. Ова се случи пред многу години, но сè уште се чувствуваат последиците од тоа.“

- Нарушен живот -

Мунир Саир ал-Мајдан, кој живее во руралното подрачје на покраината Деир ез-Зор, говореше за проблемите што кај локалното население ги предизвикало уништувањето на мостовите.

Транспортот е особено тешко погоден бидејќи веќе не е возможно да се премине од едната на другата страна на Еуфрат во ист ден, рече Мајдан.

Тој раскажа дека во минатото жителите лесно можеле да минуваат пешки или со мотоцикл, без да имаат потреба од автомобил.

„Сега, поради уништувањето на мостовите, воопшто не може да преминеме. Ограничени сме само на траекти. Ова е сериозен проблем за нас, локалното население“, рече тој.

Повикувајќи на итни чекори за обнова на мостовите, тој истакна: „Потребно ни е долгорочно решение бидејќи овој проблем се одразува на нашиот секојдневен живот.“

Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата над Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Преземањето на власта дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам ги освоија клучните градови во молскавична офанзива што траеше помалку од две недели.

related_topics:
СиријаМОСТЕуфратДеир-ез ЗорАнадолу
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Католиците во Алепо, Сирија, го одбележаа Божиќ

Католиците во Алепо, Сирија, го одбележаа Божиќ

Следно

Стотици избегаа од затворите во Мозамбик поради насилните протести

Стотици избегаа од затворите во Мозамбик поради насилните протести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Катар повика на притисок врз Израел за спроведување на договорот за прекин на огнот во Газа

СЗО предупредува дека најголемата епидемија на ебола досега во ДР Конго ги надминала капацитетите за одговор

Бројот на загинати во поплавите во индиската држава Керала се искачи на 20

„Сиријан ерлајнс“ од 16 август ќе воспостави директни летови меѓу Дамаск и Москва

Вулканот Фуего во Гватемала еруптираше, се евакуираат жителите од селата

Американскиот секретар за финансии: САД и Иран би можеле да постигнат договор за Ормутскиот Теснец денес или утре

Белгиската покраина Антверпен ја проширува забраната за црпење вода поради влошувањето на сушата

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воздушни напади врз цивили во Алепо, загинаа 51 лице

Воздушни напади врз цивили во Алепо, загинаа 51 лице

Структурирање на етничкиот терор во источниот дел на Еуфрат

Структурирање на етничкиот терор во источниот дел на Еуфрат

Болките од војните во Украина се рефлектираат во слични рамки со драмата во Сирија

Болките од војните во Украина се рефлектираат во слични рамки со драмата во Сирија

ЕУ вети дополнителни 1,06 милијарди долари за поддршка на сирискиот народ

ЕУ вети дополнителни 1,06 милијарди долари за поддршка на сирискиот народ

Турските вооружени сили одлучни во спречувањето на терористичките организации да го дестабилизираат регионот

Турските вооружени сили одлучни во спречувањето на терористичките организации да го дестабилизираат регионот

Давутоглу: Турција ги гранатираше положбите на терористите во Сирија, терористите да се одалечат од Азаз

Давутоглу: Турција ги гранатираше положбите на терористите во Сирија, терористите да се одалечат од Азаз

САД во преговори со партнерите за ситуацијата во Сирија

САД во преговори со партнерите за ситуацијата во Сирија

Сириските власти го уапсија Атеф Наџиб, братучед на Асад, поради злосторства врз цивили

Сириските власти го уапсија Атеф Наџиб, братучед на Асад, поради злосторства врз цивили

Чавушоглу: Ситуацијата во Алепо станува се полоша

Чавушоглу: Ситуацијата во Алепо станува се полоша

Телефонски разговор Путин-Трамп

Телефонски разговор Путин-Трамп