Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu
29 Ноември 2024•Ажурирај: 02 Декември 2024
Антирежимските вооружени групи кои се судрија со силите на режимот на Башар Асад ја презедоа контролата врз стратешки важната област Саракиб во провинцијата Идлиб во северозападна Сирија, јавува Анадолу.
Во судирите во Идлиб што траат веќе два дена, силите на режимот се повлекоа од областа Саракиб, претрпувајќи големи жртви. Контролата на областа премина во рацете на вооружените групи кои се против режимот.
Во судирите што започнаа вчера рано наутро, антирежимските вооружени групи ја презедоа контролата врз голем број села.
Округот Саракиб се наоѓа на спојот на автопатот М4, кој го обезбедува поврзувањето на Дамаск и Алепо, и автопатот М5, кој се протега од Латакија кон Алепо.
На 27 ноември избувнаа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во западниот дел на Алепо.
Вооружените групи досега зазедоа вкупно 70 населени места и точки во провинциите Алепо и Идлиб.