Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
03 Јули 2021•Ажурирај: 04 Јули 2021
ИДЛИБ (АА) - Режимот на Башар ал Асад во Сирија и терористичките групи поддржани од Иран извршија напади врз селата Мешу, Иблин и Белјун, што се наоѓаат во границите на зоната за деескалација во Идлиб, при што животот го загубија осум цивили, а девет цивили се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хасан ел Ахмет, претставник на сириската Цивилна заштита задолжен за медиумите, во изјавата за АА истакна дека силите на режимот со проектили земја-земја извршиле напади во селата Иблин, Мешу и Белјун, што се наоѓаат јужно од Идлиб.
Ахмет информира дека во нападот загинале 8 цивили, од кои 5 во Иблин, 2 во Белјун и еден цивил во Мешун.
Како што изјави, повредените 9 цивили биле пренесени во околните болници.