Alaattin Doğru
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ДАКАР (АА) - Африканските земји реагираа на лошото постапување и дискриминација врз луѓето со африканско потекло во Кина со образложение дека предизвикале ширење на вториот бран на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во многу градови во Кина, особено во Гуанко, странците, особено оние од црната раса, со тврдење дека се одговорни за вториот бран Ковид-19, се евакуираат од нивните домови, не им се дозволува да влегуваат во трговски центри, ресторани, болници, хотели, а исто така биле тепани по улиците. Африканските земји остро реагираа на овие тврдења.
Амбасадорите на африканските земји во Кина во заедничката нота испратена до кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, повикаа да се престане со таквата дискриминација кон Африканците.
„Африканските амбасадори во Пекинг бараат итно прекинување на присилното тестирање, карантинот и другиот нехуман третман врз граѓаните од црната раса“, се истакнува во нотата испратена до кинескиот министер за надворешни работи.
Муса Факи Мухамед, претседател на Комисијата на Африканската Унија (AfB), на својот профил на Твитер напиша дека го повикал кинескиот амбасадор во Африканската Унија (AfB), Лиу Јукси, да ја пренесе загриженоста за дискриминацијата со која се соочуваат Африканците во Кина.
Мухамед истакна дека ја замолил администрацијата во Пекинг да преземе мерки во однос на ова прашање, кое е некомпатибилно со совршените односи меѓу Африка и Кина.