Nour Mahd Ali Abu Aisha
26 Декември 2023•Ажурирај: 27 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Газа се искачи на 20.915 од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство, пренесува Анадолу.
Портпаролот на ова министерство, Ашраф ал-Кудра, рече дека 54.918 лица се повредени во немилосрдниот израелски напад врз Појасот Газа.
„Најмалку 241 лице загинаа, а 382 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Ал Кудра.
Израелските воздушни и копнени напади врз Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас ја оставија енклавата во урнатини, со половина од нејзините станови оштетени или уништени, а речиси 2 милиони жители се раселени на густо населената територија поради сериозен недостиг на храна и чиста вода.