Kemal Zorlak
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
САО ПАОЛО (AA) – Од плоштадот Патио до Колегио во бразилскиот град Сао Паоло пуштени се во воздух 50.000 балони различни бои, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој визуелен спектакл, кој е дел од прославата за нова година, го организираа членовите на Трговската унија во Сао Паоло (ACSO).

Пуштањето на балони во воздух од градскиот плоштад го следеа и голем број граѓани и туристи во Сао Паоло, кои овие интересни моменти ги забележаа со фотографија.
Балоните посебно воодушевување предизвикаа кај децата.
