Emel Gözellik
13 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
БОДАЛА (АА) - Официјални лица од Противпожарната служба во Австралија соопштија дека еден дел од пожарите во Нов Јужен Велс се ставени под контрола, за прв пат по подолго време со намалувањето на температурата на воздухот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дејл Меклин, шефот на Противпожарната екипа што се бори со пожарите во близина на градот Бодала, рече дека поефективно се борат со пожарите бидејќи температурата се намалила и брзината на ветерот забавува.
Метеоролошките власти соопштија дека очекуваат и следната недела да продолжи намалувањето на температурата.
Пожарот на планината Госперс, во близина на Сиднеј, што продолжува од октомври, е контролиран како резултат на слабиот дожд.
Во Австралија, скоро 10 милиони хектари земја се оштетени поради пожарите кои траат со месеци, а изгореа над 2.000 домаќинства. Во пожарите умреле околу половина милијарда животни.
Премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјус, истакна дека скоро 4.000 луѓе се засолниле во приморскиот крај поради пожарите што се приближуваат до населбите.
Тој, исто така, прогласи „катастрофална состојба“ за 6 подрачја и одморалишта, вклучувајќи го тука и градот Малакута.
Соопштено е дека 27 лица ги загубија животите низ целата земја поради пожарите што траат од септември.