Mehmet Nuri Uçar
02 Декември 2024•Ажурирај: 03 Декември 2024
ГАЗА (АА) – Уште најмалку 37 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што бројот на убиени од 7 октомври минатата година досега се зголеми на 44.466, јавува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа објави извештај за билансот на убиени во изминатите 423 дена од нападите што ги врши Израел врз блокираниот Појас Газа.
„Окупаторските израелски сили извршија четири нови масакри во Појасот Газа во изминатите 24 часа, во кои се убиени 37 лица, а 108 се повредени“, се наведува во соопштението.
Бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади се зголеми на 44.466, а бројот на повредени на 105.358.
Во соопштението се наведува дека голем број жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините бидејќи спасувачките тимови не можат да спроведуваат операции за пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.