Safiye Karabacak
15 Март 2024•Ажурирај: 16 Март 2024
ГАЗА (АА) - Армијата на Израел, кој е обвинет за геноцид, уби 859 Палестинци во нападите врз Појасот Газа во последните десет дена, пренесува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа достави информации за израелските напади врз Појасот Газа што траат 161 ден.
Соопштено е дека израелските сили во последните 24 часа убиле уште 149 Палестинци во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати се искачи на 31.490.
Наведено е дека израелските сили во последните напади раниле уште 300 Палестинци, а вкупниот број повредени во Појасот Газа се искачи на 73.439.
Израел започна геноцидна војна против Појасот Газа по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври.
Израел воведе блокада на палестинската енклава, оставајќи го населението, особено во северниот дел на Појасот Газа, на работ на глад.
По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република на 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел мора да се воздржи од какви било дејствија поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Сепак, нападите продолжуваат со несмалено темпо, а испораката на помош останува недоволна за справување со хуманитарната катастрофа.