Mohamed Majed,Gülşen Topçu
27 Април 2024•Ажурирај: 29 Април 2024
ГАЗА (АА) - Осум Палестинци загинаа, а 30 се ранети денес во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, јави палестинската новинска агенција ВАФА, пренесува Анадолу.
Се наведува дека во воздушните напади таргетирана е станбена куќа во кампот во кои загинале четворица Палестинци, меѓу кои и едно бебе.
Во одделен напад на друга куќа во кампот загинати се уште четворица Палестинци, а најмалку 30 се повредени.
Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш, во енклавата загинаа повеќе од 34.300 Палестинци, а речиси 77.300 се повредени.
Израелската офанзива принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.