Ayhan Şimşek
12 Август 2024•Ажурирај: 14 Август 2024
БЕРЛИН (АА) - Германскиот производител на тенкови Рајнметал денес соопшти дека добил нови нарачки од Владата за поддршка на воените активности на Украина, пренесува Анадолу.
„Рајнметал уште еднаш доби нарачка за испорака на борбени тенкови и оклопни возила за Чешка, како дел од процесот на циркуларна размена воспоставен од германската Влада за поддршка на Украина“, се вели во соопштението на компанијата.
„Чешките вооружени сили ќе добијат 14 борбени тенкови Леопард 2А4 и едно оклопно возило Бафало од Рајнметал. За возврат, чешката војска ќе префрли воена опрема во Украина“, се вели во соопштението во врска со испораката на тешко оружје од советската ера за Украина.
Рајнметал планира да ги изврши првите испораки на тенкови до крајот на оваа година, а остатокот од тенковите ќе бидат испорачани до 2026 година, се наведува во соопштението.