Ekipa
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Германија очекува доаѓање на 250.000 до 300.000 мигранти оваа година, изјави шефот на сојузната Канцеларија за миграции и бегалци, Франк Јурген Вајз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на сојузната Канцеларија за миграции и бегалци, Франк Јурген Вајз, за весникот „Билд” изјави дека неговата канцеларија ќе има проблеми доколку во земјата дојде поголем број луѓе од проценетото.
Над милион бегалци и мигранти од земјите од Блискиот Исток, Авганистан и Африка пристигнаа во Германија минатата година.
Од германското Министерство за надворешни работи соопштија дека над 390.000 лица поднеле барање за азил во првите шест месеци од оваа година, но не е јасно колку од нив стигнале во земјата во 2015 година.
Вајз истакна дека Германија ќе се обиде што повеќе мигранти да вклучи на пазарот за труд, но дека нивната интеграција во германското општество ќе трае долго и ќе биде скапа.
Истражувањето изведено овој месец покажа дека повеќе од половина Германци сметаат дека мигрантската политика на канцеларката Ангела Меркел е лоша и дека пораснала поддршката на антимигрантските групи.