Emre Gürkan Abay
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Ерменските граѓани излегоа на улиците за да протестираат поради потпишувањето на договорот за Нагорно Карабах, кој го сметаат како признавање пораз во тој регион, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за ставање крај на судирите во Нагорно Карабах. Договорот е постигнат синоќа со посредство на Русија, а предвидува повлекување на ерменските сили од Лацин, Келбецер и Агдам во рок од 30 дена.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во обраќањето на нацијата изјави дека договорот е победа за Азербејџан, а пораз за Ерменија.
Во Азербејџан граѓаните излегоа на улиците за да го прослават договорот, додека во Ерменија граѓаните излегоа да протестираат поради потпишаниот документ.
Демонстрантите во Ереван додатно ги налути соопштението на ерменскиот премиер Никола Пашинјан, кој изјави дека потпишувањето на договорот било тешка одлука и дека врз основа на длабока анализа на воената ситуација немало други опции.
Најголемиот собир е одржан пред седиштето на Владата, а демонстрантите ги искршија стаклата и влегоа во зградата, каде што извикуваа слогани против Владата на Пашинјан.
Група демонстранти влезе и во Канцеларијата на Пашинјан и го повика да поднесе оставка.