Ömer Tuğrul Çam
07 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по немирите во Соединетите Американски Држави (САД) истакна дека веруваат дека администрацијата во САД на мирен начин ќе се предаде на Џо Бајден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мишел преку објава на социјалните мрежи реагираше во врска со немирите и насилните настани во САД кои започнаа откако приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп се обидоа присилно да влезат во зградата на американскиот Конгрес.
Претседателот на Европскиот совет го опиша Конгресот на САД како храм на демократијата.
„Шокантно е што сме сведоци на настаните кои се случуваат вечерва во Вашингтон. Веруваме дека администрацијата во САД на мирен начин ќе се предаде на Џо Бајден“, додаде Мишел.