Ekipa
06 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
БРИСЕЛ
Европската Унија сѐ уште го чека предлогот на британската Влада за тоа како ќе го заврши политичкиот застој во процесот Брегзит, пренесува Anadolu Agency (AA).
Наташа Бертауд, портпаролката на Европската комисија, изјави дека за напредок во преговорите и понатаму пресудно е ЕУ да добие конкретни предлози за сите промени кои Велика Британија ги сака, но се разбира, во согласност со Договорот за повлекување.
Британскиот преговарач Дејвид Фрост одржа втор круг технички разговори со официјалните претставници на ЕУ во седиштето на Европската комисија. Имено, Европската комисија ги надгледува преговорите за Брегзит во име на 27 земји членки на ЕУ.