Eşref Musa,Ethem Emre Özcan
03 Декември 2024•Ажурирај: 05 Декември 2024
ТЕЛ РИФАТ (АА) - Жителите на сирискиот регион Тел Рифат, принудно раселени од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ за време на нејзиното окупирање на областа, сега се враќаат во нивните домови, кои беа ослободени претходниот ден во рамките на операцијата „Зора на слободата“ што ја започна Сириската националната армија (СНА) против силите на сирискиот режим, јавува Анадолу.
СНА презема мерки за да го осигури безбедното враќање на цивилите со расчистување на теренот, и проверки за евентуално присуство на тунели и замки во централниот дел на регионот.
Некои од раселените жители ги споделија своите чувства со Анадолу.
Ахмет Саид ја изрази својата радост, велејќи: „Има ли нешто подобро од враќање во својот дом и во својата земја? Фала му на Бога што се вративме по 10 години.“
Џемал Капсо, кој беше принудно раселен од Тел Рифат пред девет години, рече: „Многупати претходно ни беше кажувано: ‘Ќе се вратите во своите домови’. Фала му на Бога ПКК е избркана од подрачјето и ние се враќаме во своите домови.”
Капсо, кој мораше да ја напушти својата куќа поради нападите пред повеќе години, додаде: „Многу сум среќен што се враќам во нашиот дом. Ќе си ја поправиме куќата и ќе се сместиме.“
- Операцијата „Зора на слободата“ -
Операцијата „Зора на слободата“ започна откако вооружените опозициски групи започнаа офанзива врз градот Алепо на 27 ноември.
Како одговор, силите на сирискиот режим се здружија со ПКК/ЈПГ и отстапија одредени области на терористичката организација.
ПКК/ЈПГ, засилена со дополнителни сили од источна Сирија, почна да се утврдува во овие области.
За да се спротивстави на потегот на ПКК/ЈПГ за воспоставување терористички коридор меѓу Тел Рифат и Мунбиџ, СНА ја започна операцијата „Зора на слободата“.
По опсадата на Тел Рифат, центарот на градот беше ослободен од терористичка контрола.
Со целосна контрола над центарот на градот, во тек се операциите за пребарување и расчистување.
Се очекува операциите да продолжат поради присуството на голем број тунели и силно минирани области.
Терористите на ПКК/ЈПГ, принудени да се повлечат од центарот, побегнаа во Фафин на јужната периферија на Тел Рифат.