Ahmed Asmar
26 Март 2024•Ажурирај: 27 Март 2024
АЛ-КУДС (АА) – Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац соопшти дека Тел Авив нема да го прекине огнот во Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), јавува Анадолу.
„Државата Израел нема да го прекине огнот. Ќе го уништиме Хамас и ќе продолжиме да се бориме до враќање на сите заложници во своите домови“, наведе Кац во изјава на социјалната мрежа Х.
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која бара итен прекин на огнот во Газа за време на Рамазан. Се бара и итно и безусловно ослободување на сите затвореници, како и обезбедување хуманитарен пристап.
За усвојување на резолуцијата гласаа 14 членки, а Соединетите Американски Држави беа воздржани.
Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, рече дека резолуцијата на ОН „ги поткопува напорите да се обезбеди ослободување“ на израелските заложници од Газа.