Lina Altawell
04 Март 2026•Ажурирај: 04 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес соопшти дека извршила напади врз десетици објекти што им припаѓаат на иранските сили за внатрешна безбедност и паравоените сили Басиџ во Техеран, јавува Анадолу.
Во соопштението на армијата се вели дека воените авиони извршиле напад врз Басиџ и командните центри за внатрешна безбедност во главниот град.
Басиџ е паравоена формација составена од доброволци, основана во 1979 година, која дејствував во рамките на Исламската револуционерна гарда на Иран.
Израелската армија тврди дека објектите се „користени од иранскиот режим за одржување контрола низ целиот Иран и за да изработува процени на состојбите.“
Армијата дополнително соопшти дека нападите биле насочени и кон Директоратот за снабдување и логистика на иранските копнени сили, како и кон ракетни лансери и други воени системи.
Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел продолжуваат со нападите врз Иран, започнати во саботата, во кои загинаа речиси 800 лица, вклучително и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи и високи воени функционери.
Иран одговори со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон земјите од Заливот, каде што се наоѓаат американски воени бази.