Ekipa
24 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
НАБЛУС (АА) - Израелската армија денес смртно застрела двајца Палестинци во северниот дел на Западниот Брег, соопшти палестинската Црвена полумесечина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, хуманитарната организација наведува дека „двајца Палестинци се застрелани од куршумите на израелската Армија за време на операција денес рано наутро, во Стариот град Наблус“.
„Двајцата починати лица се идентификувани како Абауд Собх (29) и Мухамед ал-Азизи (22)“, се додава.
Осум други лица се повредени од вистинска муниција, соопшти Црвената полумесечина, додавајќи дека четворица од ранетите се префрлени во блиската болница.
Очевидци изјавија дека израелските сили упаднале во Стариот град и опколиле куќа, што довело до судири. Силите употребиле вистинска муниција и солзавец против Палестинците, додаваат од хуманитарната организација.