Mücahit Aydemir
06 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
КУДС (АА) - Израелската полиција денес застрела палестински тинејџер во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелската полиција објави соопштение во кое се вели дека 19-годишникот повредил двајца полицајци во наводен напад со нож во старото јадро во Кудс.
На Твитер, министерот за јавна безбедност Омер Бар-Лев, исто така, потврди дека палестинскиот тинејџер бил застрелан од израелската полиција, која според него постапила „брзо и решително“ по наводниот напад.
Израел го окупираше Источен Кудс за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Во 1980 година го анектираше целиот град, во потег што никогаш не беше одобрен од меѓународната заедница.