Ekipa
09 Септември 2022•Ажурирај: 11 Септември 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелски дрон се урна вчера во морето во близина на северната поморска граница со Либан, објави денеска израелската војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Израелските армија објави дека дронот се урнал поради дефект, додавајќи дека инцидентот се истражува, а целата флота на овој тип дронови, која не е прецизирана, е приземјена до завршување на истрагата.
Тензиите меѓу двете земји ескалираа поради поморскиот спор и несогласувањата за експлоатацијата на подморските резерви на природен гас.