Mustafa Deveci
21 Мај 2021•Ажурирај: 23 Мај 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е критикуван од блиските политички сојузници и пратениците од десницата за прекинот на огнот со Хамас, соопштија денеска израелски извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гидеон Са'ар, лидер на партијата Нова надеж, рече дека договорот сериозно ќе му наштети на израелското одвраќање на Хамас и го нарече „срамен“.
Поранешната министерка за правда и сегашна пратеничка од партијата Јамина, Аелет Шакед, рече: „Безусловниот прекин на огнот е засрамувачки.“
Осврнувајќи се на израелските војници фатени од Хамас, таа порача: „Да ги вратиме нашите момчиња дома ќе значи победа.“
По 11-дневна израелска агресија, прекинот на огнот помеѓу Хамас и Израел постигнат со посредство на Египет стапи на сила рано утринава.