Esat Fırat
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
КУДС
Екипите на израелската општина Кудс (Ерусалим) урнаа 3-катна палестинска зграда во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), тврдејќи дека „нема дозвола“ за градба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелските сили, кои дојдоа во населбата Исевије во северниот дел на Источен Кудс, поставија „безбедносен кордон“ во областа каде што ќе биде уривањето.
Екипи на израелската општина ја урнаа 3-катната зграда на палестинското семејство Мустафа, со образложение дека „нема дозвола“ за градба.
Пред уривањето на зградата во која живеат три семејства од вкупно 16 лица, дошло до судир меѓу израелските сили и Палестинците.
- Уривањата на Израел во Источен Кудс
Израелските власти, кои создадоа тешкотии за издавањето дозволи за градба на Палестинците, уриваат илјадници куќи на Палестинците со образложение дека немаат „дозвола“ за градба.
Палестинците, истакнувајќи дека израелската општина нема никаква правна основа за уривање на куќите, посочија дека тоа е дел од политиката на Израел за „заплашување и јудаизам“.
Израелската општина честопати ги наплатува трошоците за уривање од луѓето чија куќа е уништена.
Палестински извори соопштија дека од 1967 година над 5.000 палестински куќи во Источен Кудс биле урнати од израелските сили.