Ahmet Dursun
01 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
АНКАРА
Патнички авион на „Иран ер“, што патувал од Техеран кон Кирманшах, излета од пистата при слетување на аеродромот во Кирманшах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Кирманшах, Хушенг Базувенд, во изјава за иранската официјална новинска агенција, ИРНА, истакна дека во авионот од типот „Airbus A319“ на „Иран ер“, што излетал од пистата при слетување на аеродромот „Шехид Ешреф Исфахани“ во Кирманшах, се наоѓале 110 лица, вклучувајќи го и екипажот.
Базувенд информираше дека патниците и екипажот на авионот не се повредени во несреќата.
Нагласувајќи дека се истражува причината за оваа несреќа, Базувенд рече дека е можно несреќата да била предизвикана од интензивните врнежи од снег и проблем со опремата за слетување на авионот.