Betül Yürük
01 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
ЊУЈОРК (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) прогласија вонредна состојба во земјата поради епидемијата на новиот тип коронавирус што се појави во кинескиот град Вухан и брзо се прошири во другите земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на САД, Алекс Азар, соопшти дека е прогласена вонредна состојба во јавното здравство низ земјата откако кај 6 лица во САД е откриен коронавирусот.
Азар информираше дека е донесена забрана за патување во САД за државјаните на странските земји што во последните две недели ја посетиле Кина.
Според него, привремено е суспендиран влезот во земјата на странските државјани поради ризик од пренесување на овој вирус.
Азар истакна дека државјаните на САД, кои во последните 14 дена патувале во Кина, ќе бидат контролирани на аеродромите, и дека ќе бидат задржани во карантин 14 дена.
Забраната за патување во САД за државјаните на странските земји што ја посетиле Кина ќе стапи во сила во 17:00 часот по локално време во недела.
Кинеските власти соопштија дека како резултат на овој вирус досега починале над 200 лица, додека Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална вонредна состојба поради оваа епидемија.