Zuhal Demirci
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
ЛОНДОН (АА) - Ирскиот Парламент усвои предлог-акт со кој се осудува израелската де факто анексија на палестинските територии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Предлогот, поднесен од опозициската партија Шин Фејн, беше прифатен во Парламентот откако доби меѓупартиска поддршка.
Како резултат на тоа, Ирска стана првата земја од Европската Унија (ЕУ) што го употреби изразот „де факто анексија“ во однос на потезите на Израел на окупираните палестински територии.
Израелското Министерство за надворешни работи одговори дека целосно го отфрла предлог-актот.
Додека предлог-актот помина, амандманот предложен од социјалистичката партија Луѓе пред профит, за протерување на израелскиот амбасадор од Ирска и за воведување санкции против Израел не беше изгласан, против гласаа 87 пратеници, а „за“ беа 46 пратеници.