Salman Hamid Siddiqui
19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Авионот на компанијата EgyptAir кој превезуваше 66 луѓе исчезна на петот од Париз кон Каиро, над источниот дел од Средоземното море, рано утрово по влегувањето во египетскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата EgyptAir на официјалниот Твитер профил соопшти дека летот на MS804 со 56 патници, седум членови на посадата и три вработени загуби контакт со радарот во четврток наутро.
„EgyptAIR A320, на висина од 37.000 метри, исчезна по влегувањето во египетскиот воздушен простор", наведе компанијата наведуваќи дека „добро упатени извор на компанијата рече дека авионот загубил комуникација со радарот во 02.45 часот".
„Специјалните тимови на египетските вооружени сили се наоѓаат на теренот лоциран за пребарување и спасување", наведува EgyptAir.