Amina Zorniç
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
РИМ (АА) - Италијанската крајбрежна стража изминативе седум дена од Средоземното Море спаси 13.000 бегалци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според пишувањето на британскиот "The Guardian", италијанската крајбрежна стража само во текот на вчерашниот ден спасила 668 бегалци, кои од северот на Африка се упатиле кон Италија
Од друга страна, неколку десетици мигранти се водат како исчезнати по потонувањето на неколку бродови и чамци со бегалци во изминативе неколку дена.
Само во четвртокот, 26-ти мај, во Медитеранот се спасени илјадници бегалци кои на овој начин се обидуваат да дојдат до земјите од Западна Европа барајќи само спас од гладта, судирите и војните во своите матични земји.