Saadet Gökce
10 Ноември 2025•Ажурирај: 14 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес лансираше нова група сателити во ниска орбита околу Земјата, со цел да ја прошири својата интернет-констелација, објавија државните медиуми, јавува Анадолу.
Според новинската агенција „Синхуа“, оваа група ќе ја формира 13. интернет-констелација на Кина.
Лансирaњето беше извршено од јужната островска провинција Хаинан, со ракета-носач „Долг марш 12“, која полета во 10:41 часот по локално време и успешно ги прати сателитите во предвидената орбита.