Aydoğan Kalabalık
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Младите демонстранти од градот Бенгази во Либија, кој е под контрола на Калифа Хафтар, порачаа дека ќе продолжат со протестите сè додека не се исполнат нивните барања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите, кои објавија видеопорака, истакнаа: „Ќе продолжиме со протестите сè додека не одговараат членовите на владата на Абдулах ес-Сени, кои ја уништија Либија, ја ограбија државата и ја доведоа земјата на работ на колапс.“
Демонстрантите изјавија дека ќе продолжат со мирните протести и побараа да одговараат сите, од Ес-Сени, кој е чело на владата, па сè до вратарот.
Демонстрантите синоќа излегоа на улиците во градовите Бенгази, Мерџ и Бејда. Едно лице почина како резултат на вооружената интервенција на милицијата на Хафтар во градот Мерџ, а потоа беше објавено дека т.н. либиска влада, на Хафтар, поднела оставка.