Ekip
15 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
ХОНГ КОНГ (AA) - Кери Лам, лидерката на Хонг Конг, изјави дека на неодредено време ќе го суспендира Предлог-законот за екстрадиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лам рече дека презела таков чекор како одговор на големото незадоволство на јавноста поради Предлог- законот, кој би им овозможил на властите некои од осомничените да ги испраќаат на судовите во Кина.
Многумина во некогашната британска колонија се загрижени дека Законот дополнително ќе ја наруши заштитата и слободата која Пекинг ја вети кога ја презеде контролата над Хонг Конг во 1997 година.
Новите масовни протести поради Законот најавени се за в недела. На претходните демонстрации стотици илјади жители на Хонг Конг излегоа на улиците. Протестите во средата прераснаа во насилство, што дополнително го зголеми притисокот врз Лам да го повлече Предлог-законот.
Хонг Конг е посебен административен регион на Народна Република Кина, која функционира како самостојна држава.