Bayram Altuğ
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку две лица загинаа при пад на хеликоптер на швајцарската армија во југоисточниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Швајцарската новинска агенција Свисинфо го пренесе соооштението на полициската управа на кантонот Тичино дека денеска во пладневите часови се случила хеликоптерска несреќа кога воен хеликоптер се урнал во регионот со италијанско говорно подрачје.
Во соопштението се наведува дека во несреќата загинале две лица.
Хеликоптерот на швајцарската војска се урнал во близина на еден хотел на Алпите, а спасувачките и надлежните екипи пристигнале на местото на несреќата.
Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за хеликоптер од типот Супер Пума од француско произвоство со капацитет од два члена на екипажот и 18 патници.