Recep Şakar
18 Август 2021•Ажурирај: 19 Август 2021
МЕЛБУРН
Загина пилот при уривање на мал авион наменет за аеробатика во австралиската држава Квинсленд, известува Агенција Анадолија (АА).
Управата за безбедност во цивилното воздухопловство (CASA) соопшти дека мал авион во кој бил само пилотот, од засега непознати причини паднал во празно поле во близина на островот Бриби во сојузната држава Квинсленд.
Во соопштението се вели дека во несреќата животот го загубил пилотот на авионот.
Питер Гибсон, портпаролот на Управата за безбедност во цивилното воздухопловство (CASA), информираше дека од пилотот на авионот „Акродастер“, дизајниран за аеробатика, не бил упатен повик за итна помош пред да се урне авионот.