Kasım İleri
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Пентагон соопшти дека ја разбира загриженоста на Турција во врска со граничните безбедносни сили во Сирија, додавајќи дека ова прашање го разгледуваат со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ерик Пахон, гласноговорник на Пентагон, изјави дека со Турција одржуваат блиска комуникација во врска со ова прашање .
„Ја разбираме загриженоста на Турција во врска со граничните сили на безбедност чија обука моментално се одвива. Имаме блиска комуникација со функционерите на Турција во врска со ова прашање", рече Пахон.
На прашањето за тоа дали се водени преговори во врска со формирање на „граничните безбедносни сили" (BSF), истакна дека американските функцонери токму за тоа разговараат со функционерите на Турција.
„Токму тоа е тема на разговорите кои се водат помеѓу функционерите на американската администрација и турските функционери", рече Пахон, додавајќи дека не може да навлегува во самите детали на разговорите.
Потсетуваме, САД неодамна најавија дека меѓународната коалиција против ДЕАШ предводена од САД, со Сириските демократски сили (SDG), група која ја контролира терористичката организација ПЈД/ПКК, ќе основаат нови гранични безбедносни сили (BSF) од 30.000 војници.
Турција го осуди овој потег, истакнувајќи дека е погрешно и спорно да се соработува со терористичката организација ПЈД/ПКК во борбата против ДЕАШ.