Yusuf Özcan
06 Март 2020•Ажурирај: 08 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Платеници поврзани со режимот на Башар ал Асад заминаа во Либија за да се борат во редовите на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на источна Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Ле монд“ (Le Monde), базирајќи се на воени извори, наведува дека во Либија режимот на Асад и Хафтар воспоставиле сојуз.
Се истакнува дека режимот на Асад, Либиската амбасада во Дамаск ја предал на таканаречената Влада блиска со Хафтар и дека режимот и Хафтар се соединиле против либиската Влада на национално единство, призната од Обединетите нации и Турција.
Во веста се наведува дека Хафтар го поддржуваат и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија и Русија.
Исто така се посочува дека режимот на Асад и Хафтар имаат блиски односи од 2018 година и дека платениците поврзани со режимот на Асад заминале во Либија за да се борат во редовите на Хафтар.
Пред три дена, режимот на Асад, Либиската амбасада во Дамаск ја предаде на таканаречената Влада блиска со Хафтар. На тој начин, режимот на Асад е „првата администрација која официјално го призна Хафтар“.