Faruk Zorlu
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Населението во Мексико надмина 126 милиони, покажуваат резултатите од штотуку завршениот попис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот Институт за статистика и географија (INEGI) ги објави резултатите од пописот на населението и станбените единици, според кој бројот на населението изнесува 126.014.024.
Мексико стана 11. најнаселена земја во светот каде 51,2 отсто од населението го сочинуваат жени, а 48,8 отсто се мажи.
Меѓу најнаселените делови на земјата се наоѓа сојузната држава Мексико, со 16,99 милиони луѓе, главниот град Мексико Сити, со 9,2 милиони луѓе, државата Халиско, со 8,34 милиони луѓе, државата Веракруз со 8,62 милиони луѓе и Пуебла, со 6,58 милиони.
Додека растот на населението во Мексико се намали за 1,2 отсто во последните 10 години, просечната возраст, која беше 22 години во 2000 година, изнесува 29 години во 2020 година.