Associated Press
28 Мај 2023•Ажурирај: 28 Мај 2023
ПЕКИНГ (АА) - Првиот кинески патнички авион од домашно производство денес го изврши првиот комерцијален лет, јавува Анадолу.
Кина сака да се натпреварува со индустриските гиганти на глобалниот пазар на авиони, како што се Боинг и Ербас.
Авионот Ц919, изграден од Корпорацијата за комерцијална авијација на Кина, превезе околу 130 патници, според државниот весник „Чајна дејли“. Авионот полетал од аеродромот Хонгкиао во Шангај во неделата наутро и слетал по помалку од два часа во Пекинг.
Летот го изврши државната „Чајна естерн ерлајнс“, а од страната на авионот пишуваше: „Првиот во светот Ц919“.
COMAC дизајнираше многу делови за Ц919, а некои од неговите клучни компоненти сè уште доаѓаат од Запад, вклучително и моторот.
Компанијата планира да произведува 150 авиони Ц919 секоја година во следните пет години.
Ц919, кој се развива веќе 16 години, е дизајниран да превезува меѓу 158 и 168 патници.
COMAC објави дека се нарачани повеќе од 1.200 авиони Ц919, а „Чајна естерн ерлајнс“ потпишала договори за купување на пет авиони.