Safvan Allahverdi
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
ВАШИНГТОН
Во Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), се одржа протест против нападите на Ерменија врз азербејџанските територии и окупацијата на Нагорно Карабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу двесте демонстранти со азербејџански и турски знамиња дојдоа пред Белата куќа и извикуваа пароли во корист на Азербејџан.
Демонстрантите носеа пароли на кои се критикуваше окупаторскиот и агресивен став на Ерменија.
Исто така, тие ја повикаа администрацијата на САД да направи притисок врз Ерменија за да стави крај на окупаторските ставови и да ги прекине нападите врз цивилите.
По собирот пред Белата куќа, демонстрантите отидоа пред Амбасадата на Турција во Вашингтон каде што ја истакнаа љубовта кон Турција.
Претставници на Амбасадата ги поздравија демонстрантите и поддршката на Турција за Азербејџан.