İdris Sülün
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Претседателката на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД), Ненси Пелоси, пристигна во Сингапур во рамките на нејзината посета на индопацифичките земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пелоси, денес во раните утрински часови пристигна во Сингапур и ја започна својата азиска турнеја во сенка на можната посета на Тајван, која предизвика тензии со администрацијата на Пекинг.
Извори, кои сакаа да останат анономни бидејќи не се овластени да откриваат детали за посетата, потврдија дека Ненси Пелоси придружна делегација слетале во Сингапур во раните утрински часови.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Сингапур истакна дека Пелоси ќе се сретне со претседателката на Сингапур, Халима Јакоб, премиерот Ли Сиен Лонг и голем број министри.
Од друга страна, се истакнува дека приемот на Американската стопанска комора во Сингапур, каде се очекува да присуствува Пелоси, ќе биде затворен за медиумите.
Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на претседателката на Претставничкиот дом на САД се нагласува дека Пелоси ќе ги посети Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија со делегација од пет лица од Конгресот.
Не се дадени информации за наводната посета на Тајван, кој е во конфликт со Кина во однос на суверенитетот.
За време на посетата, Пелоси беше пречекана од Грегори Микс, претседател на Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом, Марк Такано, претседателот на Комитетот за прашања на ветераните, Сузан ДелБене, потпретседателка на Комитетот за патишта и средства, Раја Кришнамурти, член на Постојаниот специјален комитет за разузнавање, и Енди Ким, член на Комитетот на вооружените сили и Комитетот за надворешни односи.