Ahmet Sertan Usul
23 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Туркије соопшти дека во антитерористички операции во регионот Ал Баб во северниот дел на Сирија приведени се 9 терористи на ДЕАШ, вклучувајќи и четворица раководители на таа терористичка организација, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека операцијата е започната врз основа на разузнавачки информации дека терористите на ДЕАШ одржуваат обуки и ги опремуваат терористите за саботажи, самоубиствени и бомбашки напади во Ал Баб и на подрачјето на Туркије.
Во тој контекст, вчера се изведени антитерористички операции во Ал Баб во кои се фатени 9 терористи на ДЕАШ, вклучувајќи го и заменикот регионален раководител, двајца логистичари и терористот задолжен за финансиските работи на терористичката група.
Фатените терористи се приведени и предадени на локалниот суд на понатамошно процесирање, заедно со запленетите доказни материјали во претресот на објектите.