Aldıjana Hadzıc
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АМАН (АА) - Војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, за време на посетата на земјите од Блискиот Исток престојуваше во Јордан. На вториот ден од неговата посета на Јордан, имаше можност да престојува во Џераш, каде што се наоѓаат рушевините од античкиот град, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во посета беше и принцот од Јордан, Ал Хусеин бин Абдула II. Принцовите беа пречекани од децата од Јордан и Сирија облечени во традиционални носии.
Воедно, принцот Вилијам ги погледна сликите насликани од децата бегалци од Сирија. Војводата од Кембриџ и принцот Ал Хусеин се фотографираа со децата.

Принцот Вилијам ќе ја посети организацијата која им помага на жените во развојот на работните вештини.
„За време на петдневната посета на регионот, планирано е да се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас“, јавува „Би-би-си“.